Ако сте над 50 години веќе треба да го внесете ова во исхраната

Во консултација со лекар, но претежно кај повозрасната популација секој би требало да почне во исхраната да го внесува еден производ кој се нарекува еликсир на младоста.
Ако забележувате како вашата кожа почнува да се збрчкува, да се суши и собира, тоа значи дека ви е потребен колаген!
Со текот на животот колагенот се губи од човечкото тело и затоа е потребно преку исхраната да продолжиме да го внесуваме и да ја надокнадиме загубата, за да можеме да функционираме нормано, но и да изгледаме убаво и свежо.

Недостатокот на колаген во телото се одразува преку нашата кожа.
Што е колаген?
Колагенот е најважниот протеин во човечкото тело, со застапеност од 35% од сите протеини и е главна компонента на сите сврзни ткива, мускулите, крвните садови, кожата, косата, коските, зглобовите, ‘рскавицата. Токму затоа, колагенот често се нарекува еликсир и протеин на младоста.
Со тек на време, идеалните нивоа на колаген кои нашето тело природно ги произведува почнуваат да се намалуваат. На возраст од 40 години, способноста на телото да произведува колаген се намалува за 25%. На возраст од 60 години, намалувањето е преку 50%. Ова особено се однесува на колагенот тип 1 и 3.

Што му се случува на телото кога го губи колагенот?
Како последица на недостигот од колаген во телото може да се појават следниве здравствени предизвици:
- мускулно-скелетни нарушувања (артритис, остеопороза, вкочанетост, нарушена органска структура на коските, мускулни повреди итн.);
- слабеење на одбранбената функција на имунолошкиот систем;
- појава на физички промени поврзани со стареењето (брчки, целулит, губење на сјајот и на еластичноста на кожата итн.).

Храна која содржи колаген
Супа од коски. Супата од коски е еден од најбогатите извори на колаген. Се подготвува со варење на животински коски и сврзно ткиво, кое ослободува колаген, желатин, глукозамин и хондроитин.
Пилешко месо. Пилешкото месо особено деловите со сврзно ткиво како што се крилцата и батаците, содржат високо ниво на колаген.
Јајца. Јајцата содржат колаген и други хранливи материи кои го поддржуваат здравјето на кожата и зглобовите. Јајцата содржат и сулфур, кој е неопходен за производство на колаген.
Риба и морски плодови. Рибите, особено лососот и туната, содржат високо ниво на колаген во нивната кожа и лушпи.
Лук. Лукот содржи сулфур, кој е потребен за производство на колаген. Исто така содржи и таурин и липоична киселина, кои помагаат во обновувањето на оштетените колагенски влакна.

Цитрус и бобинки. Иако цитрусно овошје не содржи колаген, тие се богати со витамин Ц, кој е клучен за синтезата на колаген во телото.
Бобинките како јагоди, боровинки и малини се исто така богати со витамин Ц и антиоксиданси, кои ги штитат колагенските влакна од оштетување предизвикано од слободните радикали.
Јаткасти плодови и семиња. Јаткастите плодови и семките, особено бадемите, семките од тиква и семките чиа, содржат цинк и бакар, минерали кои се неопходни за производство на колаген,
Темнозелен зеленчук. Тој е богат со витамин Ц, темнозелениот зеленчук како спанаќот и кељот може да го поттикнат производството на колаген.
Грав. Гравот е високопротеинска храна што често содржи лизин, една од аминокиселините потребни за синтеза на колаген. Исто така и боранијата е богата со хранливи материи потребни за производство на колаген.
Се препорачува да имате барем еден оброк богато со колаген во вашето мени секој ден. Избегнувајте прекумерно консумирање шеќер и пијте многу вода бидејќи хидратацијата е клучна за одржување на здравјето на кожата и сврзното ткиво.
Како пoинаку да внесам колаген?
Колагенот можете да го внесете и преку дoдаток на исхрана, Имајте во предвид дека цената за овој производ е околу 2000 денари.
Еве неколку предлози каде можете д аго најдете колагенот како додаток во исхраната:
ЗЕГИН
ЕВИТ
ЕУРОФАРМ
ПОЛЕО СПОРТ
АПТЕКА 24 ЧАСА