Тридневната туна диета претставува еден од најпознатите режими на исхрана каде што е вклучена оваа вкусна намирница. Потребно е да ја спроведете краткорочно. затоа што е многу рестриктивна и овозможува да внесувате едвај до 1.200 калории дневно.
Прв ден
Појадок: 1 чаша чај или кафе, половина грејпфрут или овошен сок, 1 кришка леб намачкана со путе од кикирики
Ручек: 100-150 грама туна во салата од краставици, домати, пченка, 1 чаша чај или кафе
Вечера: 100 грама говедско месо, 200 грама варена боранија, 200 грама морков со неколку капки лимон, мала чинија пудинг од ванила (околу 100 грама), 1 средна јаболка, 1 чаша чај, кафе или вода.
Втор ден
Појадок: 1 чаша чај или кафе, варено јајце, тост, банана
Ручек: 200 грама туна, пет крекери, една чаша кафе, чај или вода
Вечера: 200 грама пилешки прсти, 100 грама варени моркови, 200 грама варена брокула, банана, една чинија пудинг од ванила (околу 100 грама), чаша кафе или чај
Трет ден
Појадок: 1 чаша чај или кафе, пет крекери, 30 грама сирење, 1 јаболка со средна големина
Ручек: Варено јајце, едно парче леб, чаша чај или кафе
Вечера: 200 грама туна, 100 грама варени моркови, 100 грама варен карфиол, круша со средна големина, една чинија пудинг од ваниала (околу 100 грама), една чаша чај или кафе