Ако се пожалите, помислете на баба Радмила – одгледа 19 деца, се грижела за слеп сопруг и работи на нива
Радмила е жена што ја победи судбината и вистинска е инспирација.

Радмила Крсмановиќ од селото Гочманце, близу Јошаничка Бања во Србија, е симбол на мајчинска љубов и пожртвуваност. Родена во 1936 година, таа се омажила на 18 години за Владислав, маж кој по несреќа со бомба заостаната од Втората светска војна останал слеп и без една рака. И покрај тешките околности, Радмила родила 19 деца, од кои 14 се живи денес.

Секојдневието на Радмила било исполнето со напорна работа.
Станувала во 3 часот наутро, печела леб, подготвувала оброци за семејството, се грижела за добитокот и работела на нива или во шума за да обезбеди дрва за огрев. Сето тоа го правела без помош, бидејќи децата биле мали, а сопругот немоќен да помогне физички.
Иако живееле скромно, Радмила и Владислав успеале да обезбедат сè што е потребно за нивните деца.
Најстарата ќерка, Зорка Обреновиќ, раскажува: „Радмила од нас направи чесни и вредни луѓе. Горди сме на неа, на нејзината грижа и љубовта што ни ја пружаше.“

Животната приказна на Радмила беше прикажана во емисијата „Квадратура на кругот“ на РТС, каде што беше наречена „мајка храброст“. Екипата на оваа емисија ја посети повторно Радмила по повод нејзиниот 90-ти роденден, при што беше опишана како ведра, скромна и силна жена, опкружена со своите деца, внуци и правнуци.

Наследство на љубов и пожртвуваност
Денес, Радмила живее сама, откако го загубила еден од синовите со кој живеела. Сепак, нејзините други синови живеат во близина и ѝ помагаат. Таа и понатаму се грижи за куќата и нивата, покажувајќи дека нејзината сила и волја не стивнуваат.

Има 23 внучиња, 17 правнучиња, а сосе зетовите и снаите Радмила брои 65 членови на семејството.
Животната приказна на Радмила Крсмановиќ е инспирација за сите нас, потсетувајќи нè на важноста на љубовта, пожртвуваноста и семејството.