MAMAКафе муабет

Ако сакате среќен брак, ОВА цвеќе мора да го имате во вашиот двор

Advertisement

Според легендите, младите брачни парови би требало да го посадат овој цвет во својот двор, со цел да ги следи среќа.

ФОТО: profimedia.com

Опојниот и сладок мирис, големите и раскошни цветови го прават божурот еден од омилените цветни видови и еден од најчестите украси на домот. Без разлика дали се свежо набрани или како мотив на некој дел од домот, даруваат софистицираност на секој ентериер. Божурот цвета во мај и јуни, а еднаш кога ќе ги наберете, може да ви потраат отприлика 5 дена. Колку почесто ќе имаат свежа вода, толку и подолго ќе траат.

Advertisement

Кога ќе ги ставите во вазна, додајте им средство кое ќе го продолжи траењето на цветот, ставете ги во млака вода, а после час или два преместете ги на поладно место. Кинезите уште од одамна го опишуваат божурот како цвет кој позитивно влијае на хармоничниот живот кај жените и мажите. Него го опишуваат како цвет на љубовта и женственоста. Белиот божур ги симболизира девојчињата и се смета за симбол на нивните мисли, но и нивната убавина.

Исто така со векови наназад кинезите божурот го опишувале како симбол на мирот, стабилноста и здравјето, а уште од 7 век овие цвето се познати и како носители на добра среќа. Затоа, неретко се употребува како одредена декорација во домот, без разлика дали е на слика, како принт на садови и слично…

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button