Реклама
Патувања

Ако патувате во Грција земете го ова предвид – со новиот закон за прекршок казна од 2 000 евра

Новиот Закон за сообраќај во Грција, чија јавна расправа е отворена до 24 јануари, воведува строги санкции за прекршоци во сообраќајот. 

Реклама

Секој што размислува да патува во Грција треба да знае дека возењето под дејство на алкохол може да резултира со сериозна парична казна, како и губење на возачката дозвола. Новиот Закон за сообраќај во Грција, чија јавна расправа е отворена до 24 јануари, воведува строги санкции за прекршоци во сообраќајот.

Како што е најавено, возачите на кои во крвта ќе им се забележи од 0,50 г/л до 0,80 г/л ќе платат казна од 150 евра и 20 дена ќе останат без возачка дозвола.

Дозволата се враќа само по истекот на тој рок и со доказ за плаќање на глобата. За концентрација на алкохол од 0,80 г/л до 1,10 г/л казната е 700 евра, а возачката дозвола се одзема на 90 дена.

Маркетинг

Во овој случај, прекршокот е класифициран како особено опасен за безбедноста на сообраќајот.

Доколку концентрацијата на алкохол надмине 1,10 г/л, казната достигнува 1.200 евра, а возачката дозвола се одзема на 180 дена.

Маркетинг

Дополнително, возачот може да биде казнет со затворска казна од најмалку два месеци, а регистрацијата на возилото се отстранува за период од десет дена до шест месеци.

Секој што ќе го повтори прекршокот се соочува со уште построги казни, доколку возачот во рок од една година по втор пат биде фатен како вози под дејство на алкохол, ќе биде казнет со 1.000 евра, а ќе му биде одземена дозволата на 180 дена. Доколку концентрацијата на алкохол во крвта е над 1,10 g/l при повторен прекршок, казната се зголемува на 2.000 евра, а возачката дозвола се одзема на две години.

За трет прекршок во рок од пет години, возачот ја губи дозволата на седум години.

Во сите наведени случаи возилото е задолжително одземено и складирано, што дополнително ја усложнува состојбата на прекршителите. Со овие мерки Грција сака да го намали бројот на несреќи предизвикани од возење под дејство на алкохол и да ја зголеми безбедноста на патиштата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button