Хороскоп

Ако (не)верувате во чуда, утре е денот што ќе ве увери – направете го ова за благослов во домот и исцеление, го славиме чудотворецот од Кефалонија

Бил чудoтвoрeц за врeмe на живoтoт и пo смртта. До денес се случуваат исцелителски чуда и тоа воопшто не е ретка појава во неговиот манастир во Кефалонија.

Advertisement

Православните верници утре се сеќаваат на Свети Герасим, роден околу 1509 година во Трикала, Коринтска област, во Грција, сп потекло од славното семејство Нотара.

Во младоста се приклонил кон монашкиот живот, служел на Света Гора, а потоа поминал период во Светата Земја, каде што се подвизувал, постел 40 дена и втемелил длабока духовна дисциплина.

Advertisement
принтскрин јутјуб

Приближно во 1555 година, Герасим пристигнува на островот Кефалонија, Грција, каде што преку подвизи во пештера и молитви, основа женски манастир во долината Омала, манастирот „Нов Ерусалим“.

Со молитва предизвикувал дожд, лекувал болни и претскажувал иднина, а добил дар да ги избрка демонски опсесии како и демоните во човекот. По неговото упокојување на 15 август 1579 година, моштите, при ексхумирање, биле пронајдени непропаднати и со благо мирисна супстанца што ја засилило локалната и пошироката вера. Поточно, неговото тело е речиси нераспаднато, цело.

Така, манастирот каде се наоѓаат моштите станал центар на поклонение за многу верници кои и денес доаѓаат во огромна бројка, од сите страни на светот.

Една од главните традиции е преносот на моштите два пати годишно (16 август и 20 октомври) каде верниците учествуваат во величествена процесија.

Духовно значење и современи сведоштва

Островот Кефалонија ја гледа духовната заштита на Свети Герасим како непоколеблива. Неговото непропаднато тело се смета како жива потврда за непроменливата Божја благодат.

Во манастирот, пред моштите, се случуваат искуства со исцеление, луѓе со душевни и телесни страдања бараат утеха и добиваат знак за надеж.

Што треба да направите утре за благодат во домот

Во духот на традицијата поврзана со Свети Герасим, покрај молитва и запалување свеќа, може да примените еден „необичен“ обред кој има за цел да донесе благодет, хармонија и духовна заштита во домот, па и исцеление:

Манастирот на Свети Герасим, принтскрин јутјуб

Земете мал сад со чиста вода ставете го пред икона и запалете однапред подготовен темјан. Потоа, земете малку земја (или песок) од дворот или од градината, ставете ја во садот и оставете ја преку ноќ. Утрото, со молитва, попрскајте со таа вода и земја низ просториите.

Инаку, и македонски туристички агенции повремено организираат тури на посета на манастирот на Свети Герамис во Кефалонија по прифатливи цени, па така имате можност и да го посетите неговото свето место познато по исцеленија.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button