Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Ако немате намера за сериозна врска, не барајте ги Рибите…

Реклама

Некои личности едноставно сакаат само љубовни авантури, без никакви обврски. Но, други пак се поврзуваат со партнерот и се многу чувствителни, при што за нив секое раскинување значи голема болка. Едни од ваквите личности се и луѓето родени во хороскопскиот знак Риби…

ФОТО: bustle.com

За Рибите знаеме дека се многу чувствителни, па тие сакаат длабока и силна љубовна врска. Се поврзуваат со партнерот, но за тоа им треба време. Откако добро ќе ја запознаат личноста тие одлучуваат дали ќе се впуштат во длабока љубовна врска или не. Рибите не се заинтересирани за врски кои немаат иднина, за нив тоа е само губење време. Не им требаат личности кои веќе утредента може да им кажат дека е готово, зашто нивната чувствителност нема да им даде мир.

Тие имаат многу добра душа и секогаш се тука за своите сакани. Тие важат за големи сонувачи во хороскопот и се во потрага по личност која ќе им ја даде потребната утеха. Доколку се решите да влезете во врска со Риба, осигурете се дека тоа е она што го сакате. Внимавајте како се изразувате, затоа што нив може да ги повреди дури и она што ќе го кажете ненамерно. Имајте мерка до каде одите со нив, а ако сте нервозни, Рибите веднаш ќе ве прочитаат.

Маркетинг

Не дозволувајте да бидете причина за несреќа кај Рибите, затоа што тие се многу добри што би направиле се’ за оние кои ги сакаат. Не повредувајте ги намерно затоа што тие тешко се носат со болката, а тоа не е нешто што го сакате, зар не?

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button