Вљубени сте во Скорпија? Тогаш бидете подготвени за длабока и стабилна љубовна врска. Овој знак секогаш ќе ги памети важните датуми и со вас ќе ги споделува и своите најдлабоки емоции.
Скорпиите секогаш ја бараат вистината и не се задоволуваат со делумно кажани работи. Кога чувствуваат силни емоции, овој хороскопски знак бара од каде потекнуваат истите. Но, од Скорпиите не очекувајте лесно да ви простат.
Скорпијата има поглед со кој ќе ве маѓепса. Има голема интуиција и ги гледа работите кои другите не ги забележуваат. Многу се решителни, а кај нив е изразена и упорноста, а тоа го прават за да си докажат дека можат да успеат. Скорпијата има тенденција да се сомнева во искреноста на луѓето. Да верува во некого ѝ претставува проблем, па дури и кога е заљубена, таа сепак има потреба да му направи една серија од тестови на својот љубовник, а тоа го прави со цел да го дознае степенот на неговата верност и лојалност.