Реклама
MAMAДом и семејство

Ако ги имате овие 7 намирници во вашиот дом, никогаш нема да бидете гладни!

Реклама

Ако се плашите дека ќе ви снема храна во време на пандемија на хоронавирус, послушајте ги советите на нашите мајки и баби и куќата обезбедете си ја со овие намирници од кои можете да подготвите многу јадења и кои ќе ви помогнат никогаш да не бидете гладни.

ФОТО: unsplash.com

И не, не станува збор за урамнотежени оброци богати со сите потребни хранливи материи, туку полни со јаглени хидрати кои ќе ви дадат доволно енергија за извршување на секојдневните потреби во кризните ситуации.

Потребни намирници:

  • брашно
  • шеќер
  • квасец
  • сол
  • јајца
  • компир
  • зејтин

Намалете ја напнатоста помеѓу членовите на семејството во време на изолација

Во текот на изолацијата многу луѓе се затворени дома со своето семејство, но кога поминувате многу време со луѓето со кои вообичаено и не се гледате толку многу, тоа може да претставува совршена подлога за кавги и недоразбирања. Но, најважно е да поставите јасни граници и да си разграничите со вашите сакани како треба да ви изгледа еден ден. Кажувајте кои се вашите потреби, бидете отворени и настојувајте да имате искрена комуникација.

Маркетинг

Сите луѓе имаат различни потреби и различни навики, но подобро е да кажете доколку нешто ви смета, отколку да се полните себеси со негативна енергија. Сфатете дека ова е стресно време за сите и важно е да го ограничите конфликтот и да имате на ум дека секој понекогаш се чувствува вознемирено. Во ова време бидете толерантни, седете во вашиот дом и научете некои нови навики, па заедно да се избориме против коронавирусот.

 

Маркетинг

Поврзано

Back to top button