Дом и семејство

Ако елката ја накитите на овој ден ќе ви се отворат вратите на среќата во домот – а ова се ритуалите за благостостојба

Ова е денот кога треба да се накии елката зашто се верува дека така се „отвораат вратите на среќата“ во домот.

Advertisement

Новогодишните и божиќните празници се ближат, а некои веќе почнаа и да го украсуваат домот. Но ако се прашувате кога е најмногу благодатно да се накити елка, ви го носиме одговорот.

Старото народно верување вели дека постои еден единствен датум што носи посебна енергија кога е во прашање божиќно украсување на домот, односно китење на елката.

Advertisement

Тој датум е 19 декември, денот на Свети Никола, еден од најпочитуваните празници во православните домови. Според преданието, ако елката се украси токму на овој ден, среќата и благосостојбата ќе го следат домот во текот на целата наредна година.

Зошто токму 19 декември е ден на среќата?

Во народната традиција, Свети Никола се смета за заштитник на домот, семејството и патниците. Затоа, 19 декември се доживува како симболичен почеток на зимата, но и како момент кога во домот се будат топлина, заедништво и нова енергија.

пекселс

Украсувањето на елката на овој ден не е само подготовка за празниците – тоа е мал ритуал на благодарност, надеж и повикување на добрини во домот.

Малите ритуали што ја носат празничната магија

Доколку сакате да внесете дополнителна топлина додека ја украсувате елката, старите верувања препорачуваат:

Користете природни украси како сушени портокали, цимет, шишарки – тие се симбол на традицијата и на топлина и спокојство во домот.

Практикувајте заедничко украсување. Старите верувања велат дека секој кој ќе закачи украс донесува дел од среќата за целата наредна година.

Додека украсувате изразете благодарност – дури и ако не ја украсите елката токму на 19 декември, кога ќе изразите благодарност при чинот на украсување, се смета за благодетно.

Големината на елката воопшто не е важна, суштината е во чувството и моментот што го делите со најблиските.

пекселс

Среќата почнува од малите моменти

Кога ќе се запалат првите светилки на 19 декември, многумина тоа го доживуваат како почеток на најтивкиот, најтопол дел од годината. Мирисот на бор, празничната музика и смеата додека се одбира кој украс ќе оди на врвот, сето тоа создава атмосфера за која се верува дека ја привлекува среќата во домот.

Украсувањето токму на 19 декември се смета за добар избор и од практична причина – има доволно време елката да остане уредна и свежа до Бадник и Божиќ.

Во многу семејства, овој датум служи и како договорен „ден за почеток”, за сите да бидат дома и заедно да учествуваат во украсувањето. Така некои од овие практики станаа дел од традицијата: прво се поставува елката и светилките, потоа се додаваат украсите, а на крај се прави кратка семејна дружба или вечера како знак дека подготовките за празниците официјално почнале

Без оглед дали строго се држите до датумот или украсувате кога ќе ви одговара, суштината е иста: подготвувате топол, организиран и пријатен простор во кој семејството ќе може да ужива во претстојните празници.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button