Битката за ќебето во креветот додека спиеме навечер на многумина ни е позната.
Иако можеби вие или вашиот партнер тоа не го правите намерно, сепак, во текот на ноќта едниот партнер останува на работ од креветот, без ќебе… Еден од тие хороскопски знаци кои би можеле да ги наречеме „крадци на ќебиња“ се и Скорпиите.
Имено, Скорпиите ретко кој може да ги сфати. Секако дека сакаат да се гушкаат и да искажуваат милост кон својот партнер, но истовремено се желни и да имаат простор самите за себе. Веднаш штом ќе заспие нивниот партнер и веднаш штом Скорпиите почувствуваат дека потонал во длабок сон, тие ќе го извлечат ќебето од нив со таква стратегија што партнерот нема ни да почувствува.
Бидејќи лукавост е една од главните одлики на Скорпиите, тие сепак ќе измислат тактика за нивниот партнер да не се чувствува повредено и измамено. Во текот на ноќта ќе уживаат самите во удобноста на топлото ќебе, а кога нивниот партнер ќе се разбуди среде ноќ, тие ќе се преправаат дека сето тоа било ненамерно и дека им е жал.
Кога ќе дојде утрото и времето за будење, Скорпиите ќе се „смилуваат“ и ќе го поделат ќебето со нивниот партнер, за да се покажат како грижливи личности. Многу генијално, зар не?!