Реклама
MAMAКафе муабет

Ако чекате љубовта да „ви падне од небо“, засекогаш ќе останете сами

Реклама

Многу луѓе стареат и не дочекуваат да ја запознаат својата сродна душа.

ФОТО: whydoguys.com

Некои успеваат да уживаат во ретките моменти на фатална љубов, која во повеќето случаи се објаснува како страст. Меѓутоа, до вистинската љубов, преку која се развиваме и растеме како личности, треба да се дојде.

Таа не паѓа од небото и не се случува „судбински“, туку зависи од спремноста на личноста да сака и да биде сакана.  Да се сака не е лесно. Психолозите објаснуваат дека тоа е процес за кој треба време за двете личности добро да се запознаат и да се прифатат еден со друг. Треба да се начиме на трпение.

Маркетинг

Експертите објаснуваат дека е можно да се сакат и маните на другата личност, затоа што љубовта сама по себе е доблест, па така, маните поминуваат без да остават поголема трага врз нас. Љубовта не ги согледува тие мани. Најголема заблуда е дека љубовта е судбина.

Тоа звучи убаво, но поради ова многу личности остануваат сами, чекајќи нешто да им се случи. Луѓето треба да се потрудат околу ова прашање, а притоа да издржат некои „тестови“.

Маркетинг

Честа заблуда е и дека љубовта треба да се чувствува постојано. Како би изгледало ако ние постојано чувствуваме бол, љубомора… па и љубов? Љубовта е мирно чувство, не можеме постојано да ја чувствуваме, но тоа не значи дека сме престанале да сакаме!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button