Многу луѓе стареат и не дочекуваат да ја запознаат својата сродна душа.

Некои успеваат да уживаат во ретките моменти на фатална љубов, која во повеќето случаи се објаснува како страст. Меѓутоа, до вистинската љубов, преку која се развиваме и растеме како личности, треба да се дојде.
Таа не паѓа од небото и не се случува „судбински“, туку зависи од спремноста на личноста да сака и да биде сакана. Да се сака не е лесно. Психолозите објаснуваат дека тоа е процес за кој треба време за двете личности добро да се запознаат и да се прифатат еден со друг. Треба да се начиме на трпение.
Експертите објаснуваат дека е можно да се сакат и маните на другата личност, затоа што љубовта сама по себе е доблест, па така, маните поминуваат без да остават поголема трага врз нас. Љубовта не ги согледува тие мани. Најголема заблуда е дека љубовта е судбина.
Тоа звучи убаво, но поради ова многу личности остануваат сами, чекајќи нешто да им се случи. Луѓето треба да се потрудат околу ова прашање, а притоа да издржат некои „тестови“.
Честа заблуда е и дека љубовта треба да се чувствува постојано. Како би изгледало ако ние постојано чувствуваме бол, љубомора… па и љубов? Љубовта е мирно чувство, не можеме постојано да ја чувствуваме, но тоа не значи дека сме престанале да сакаме!