Постојат теми на кои одбираме да бидеме гласни и теми кои одбираме да ги премолчиме, но темата на женската плодност и неплодност обично се зборува тивко и скришно, бидејќи и понатаму постои стигма дека се работи за непријатна тема. Токму плодноста и отвореноста на луѓето да зборуваат за неа се тема на разговор во последната епизода од втората сезона на поткастот „Женски ритам“, која излезе во етерот и веќе е достапна за гледање на YouTube каналот на dm drogerie markt Македонија.
Во новата епизода ќе можете да ги слушнете личните искуства и советите на писателката Ксенија Николова и специјалист гинеколот Д-р Татјана Гуржанова, кои може да ве охрабрат поотворено да зборувате на темата женска плодност, но и да ве мотивираат да истражите и да дознаете нешто повеќе.
Кога е вистинското време да се зборува за плодноста? Дали постои вистински момент да се постави ова прашање? За повеќето жени оваа тема е непријатна за разговор и често реагираат со премолчување или пак игнорирање на нејзината важност. Но за вистински да научиме нешто, мора да ги отвориме очите, ушите и умот за секаква дискусија, особено ако таа е поврзана со нашето здравје.
„Како и сите предизвици во животот, така и разговорот околу плодноста е одличен тест за цврстината на една врска. Иако жената генерално низ овој процес мора да помине сама, бидејќи просто така е предодредено, сепак емотивно поминувате заедно како пар. Затоа и поддршката од партнерот е толку важна во животот“, вели Ксенија Николова во врска со предизвиците и за отворената комуникација за време на процесот.
Објективната и отворена дискусија често може да доведе до одговор на многу прашања и решение на многу проблеми со кои се соочуваме. Затоа е важно да зборуваме, но и внимателно да слушаме, особено ако се работи за експерт кој има искуство и разбирање за темата на која зборува. Всушност, тоа е и идејата зад dmPodcast-от „Женски ритам“, кој во изминатите две сезони направи простор за вистински зрела и смирена дискусија, надополнета со лични приказни и со експертски мислења, за да им помогне на жените насекаде во земјата полесно да дојдат до информациите кои им се потребни.
Сите епизоди од првата и втората сезона на поткастот „Женски ритам“ се достапни на YouTube каналот на dm drogerie markt Македонија.
Комерцијален текст