NEWSВестиПолитика

Ахмети: Како може Македонците да ни избираат градоначалник во Тетово?

Advertisement

На митингот на коалицијата Алијанса зa Интеграција (АКИ) во Боговиње, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, зборуваше за влијанието на премиерот Христијан Мицковски во општините со албанско мнозинство. Ахмети нагласи дека во Струга, Тетово и Чаир кандидатите се поддржани од Мицковски и дека тој е многу посветен во овие области.

„Мицковски ги поддржува независните кандидати. Во Струга кандидатот е Христијан, во Тетово е Христијан, во Чаир е Христијан. Тој работи повеќе отколку тие“, рекол Ахмети.

Advertisement

Тој ги предупреди граѓаните да гласаат според своите убедувања.

„Како може градоначалникот на Тетово да биде избран ако гласовите ѝ припаѓаат на другата заедница“, истакнал Ахмети.

Претседателот на ДУИ повикал на единство и посветеност во заштитата на албанските интереси и ја нагласи важноста на локалните избори како чекор кон развој и напредок на албанските заедници во Македонија.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button