Познатата пејачка има нов спот
Аделина Тахири која во 2017 година се омажи за македонскиот адвокат Серјожа марков деновиве објави нов спот.
Од спотот можеме да видиме дека нејзиното тело повторно е во беспрекорна форма, иако минатата година се породи и доби син.
Аделина важи за една од најпознатите албански пејачки како во Македонија, така и во соседните земји каде што живеат Албанци, а мошне е активна и на социјалните мрежи каде редовно објавува фотографии.
Таа неодамна објави и неколку фотографии од кои можеме да ги видиме и новите високи потпетици со нејзин потпис кои исто така ги презентираше во спотот, но и како изгледа нејзиниот раскошен дом во кој живее со својот сопруг.
Имено, таа и Серјожа непосредно пред венчавката се преселија во стан кој се наоѓа надвор од Скопје, а од фотографиите можеме да видиме дека во внатрешноста превладува белата нијанса со златни детали.