Поранешната македонска Гранд ѕвезда станува татко – погледнете каква убавица e неговата сакана
Објави емотивно видео со избраничката, им пристигнуваат честитки од сите страни

Поранешната македонска Гранд ѕвезда Адам Лабунски сподели радосна вест на социјалните мрежи со која израдува многумина.
Имено пејачот кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, а кој едно време беше и дел од популарното ријалити „Задруга“, на својот профил на социјалните мрежи сподели дека неговата избраничка е трудна.
Поранешната Гранд ѕвезда објави емотивно видео на која е со неговата сакана Јелена која е во блажена состојба.
Инстаграм/ Адам Лабунски
И двајцата облечени во опуштено летно издание тие се радуваат на убавата вест, а Јелена во еден момент ја покажува и снимката од ехото.
Инстаграм/ Адам Лабунски
„Изненадување, доаѓа бебенце“, напиша Јелена под видеото, а истото го сподели и Лабунски кој никогаш не бил посреќен.
Инстаграм/ Адам Лабунски
Инаку Адам на својот профил често објавува фотографии на кои е со својата понежна половина, а тоа го прави и Јелена.
Инстаграм/ Адам Лабунски
Јелена има преку дваесет илјади фанови само на Инстаграм, а како таа изгледа кога е покрај својот сакан, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Адам Лабунски
Потсетуваме, Адам e син на познатиот македонски фолк-пејач Ибро Лабунски, а публиката ја освои со својот талент најпрво во популарното шоу „Ѕвездите на Пинк“, а потоа и во „Ѕвездите на Гранд“.
Инстаграм/ Адам Лабунски
И додека во овие популарните музики шоуа беше еден од фаворитите, Адам во „Задруга“ каде исто така учествуваше, не се снајде баш најдобро. Тој и самиот тоа го потврди тогаш, истакнувајќи дека некои учесници во шоуто биле љубоморни на него затоа што бил пејач.
Инстаграм/ Адам Лабунски
Како изгледаше Адам тогаш, но и како звучеше во „Ѕвездите на Гранд“, погледнете и потсетете се во продолжение…