Боки се згази од смеење додека Аца Лукас зборуваше за колешките – и Цеца и Брена не ги штедеше
За една пејачка вели дека е медицински феномен, а за други дека не се знае која е поголемо зло...

Не стивнуваат реакциите по неговото гостување
Познатиот фолк-пејач Аца Лукас гостуваше во подкастот кај Бојан Јовановски познат како Боки 13, за кој со денови се зборува.
Но најголемо внимание во медиумите привлече она што познатиот пејач го кажа за неговата колешка Неда Украден.

Принтскрин/ТВ Пинк
Имено, Лукас зборуваше без влакна на јазикот, во негов препознатлив стил, па за познатата пејачка изјави дека е медицински феномен.
„Оваа едната, се родила.. (се смее) Со години нешто зборува, кога и да ја слушам некаде, на пример, во Сараево е, таа вели дека е од Сараево. Кога е во Загреб, раскажува дека е загрепчанка, а кога е во Белград, – тогаш е белграѓанка“, вели пејачот шегувајќи се на сметка на својата колешка.

Инстаграм/ Боки 13
„Имам впечаток дека нејзината мајка имала толку долго време трудови, што почнала да се породува во Сараево, па на Неда и испаднале нозете во тој град, па додека дошле во болницата во Загреб и испаднало телото, а на крај главата ја стави во Белград.“
„Така се роди во три градови одеднаш. Само така можам да ја разберам неа и тоа што го зборува, вели Лукас.
„Навистина ја слушнав како во Сараево изјави дека е Сарајка, па потоа во Загреб дек е загрепчанка, па белграѓанка во Белград. Навистина ми е чуден тој круг, и биолошки и физички, целото тоа пораѓање што се случило во три градови. Неда е медицински феномен“, заклучи пејачот, а Боки се смееше цело време.
Инстаграм/ Боки 13
Која од која поголемо зло?!
Пејачот во подкастот не штедеше зборови и за многу други свои колешки, а ги поткачи и Лепа Брена, Северина, па и Цеца.
Имено, Лукас ја обвини Лепа Брена дека ја лажирала повредата на концертот во Арената во Загреб, а ја објасни и причината.
„Александра Пријовиќ направи голем бум на естрадата и ги покоси сите останати пејачки. Брена и Цеца наводно и даваат поддршка, а всушност не се знае која е поголемо зло и која попрво би ѝ го извадила окото“, вели познатиот пејач во подкастот кај македонскиот шоумен.
„По големата турнеја на Пријовиќ, Брена закажа шест Арени во Згреб. Првиот беше одржан во тешко наполнета сала, за вториот не беше ни наполнета, а па наеднаш се случи тешка ортопедска повреда и се беше откажано “ вели Лукас, па го додаде и следното:
„Кого бре лажете вие, зошто го лажете народот? Какви шест арени продала Брена?!, откри Лукас во подкастот кај Боки.




