Celebrity

А толку веруваше дека ќе се излекува! Почина најпознатата хрватска манекенка

Иако болеста ѝ беше дијагностицирана пред четири години, Луси веруваше во оздравување. На 6 март годинава, објави емотивна порака во која информираше дека на 2 април ќе биде подложена на сложена операција на задниот дел од мозокот.

Advertisement

Хрватската манекенка со меѓународна кариера, Луси Марковиќ, почина во текот на ноќта по серија комплицирани операции за лекување на артериовенска малформација (AVM) на мозокот – ретка и сериозна состојба во која испреплетени и абнормално проширени крвни садови може да пукнат и да предизвикаат оштетување на мозочното ткиво.

принтскрин инстаграм

„Замина во мир. Јас, нејзината мајка и мојата мајка бевме со неа… Нека Луси почива во мир“, напиша утрово нејзиниот партнер Каро, кој редовно ги информираше следбениците за нејзината здравствена состојба.

Гордо зборуваше дека е Хрватка

Луси беше родена и израсната во Австралија, но гордо ги истакнуваше своите хрватски корени. Нејзината кариера тргна по нагорна линија кога на само 16 години го освои второто место во познатото реално шоу Australia’s Next Top Model во 2015 година.

Advertisement

Оттогаш, таа чекореше на пистите за најголемите светски модни куќи како Версаче и Живанши, и се појави на бројни насловни страници ширум светот.

Една од нејзините најзапаметени кампањи беше за брендот на Викторија Бекам.

инстаграм

Нејзината насмевка светеше посилно од рефлекторите

По нејзината смрт, модната агенција Елит модел менаџмент ѝ оддаде почит со емотивно соопштение:

Advertisement

„Луси беше блескава ѕвезда со неверојатно чувство за хумор. Нејзината насмевка и смеа ја осветлуваа секоја просторија. Манекенството ѝ беше сон, а ние сме длабоко почестени што бевме дел од нејзиниот пат. Освен убавината и елеганцијата што ги носеше на секоја фотографија – таа секогаш носеше дел од себе: топлина, светлина и радост.“

Видната стилистка и уредничка на влијателниот магазин Side Note, Карла Кларк, која работела со Луси на неколку проекти, истакна:

„Многу ретко се среќава девојка која зрачи со внатрешна мотивација, а Луси го имаше тоа – во комбинација со нејзината благост и почитливост. Таа беше вистински професионалец и гордост за сите нас.“

инстаграм

Последната порака полна со надеж

Иако болеста ѝ беше дијагностицирана пред четири години, Луси веруваше во оздравување. На 6 март годинава, објави емотивна порака во која информираше дека на 2 април ќе биде подложена на сложена операција на задниот дел од мозокот.

„Возбудена, благодарна, исплашена, поддржана, полна со надеж… Цел спектар на емоции. Животот е патување и подготвена сум за ново поглавје“, напиша тогаш.

По оваа вест, светската модна сцена се збогуваше со младата ѕвезда. Дизајнерката Донатела Версаче на својот инстаграм-профил напиша:

„Многу сум тажна поради веста за Луси Марковиќ. Почивај во мир, прекрасна девојко.“

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button