Реклама
Вирално

Родители внимавајте на своите деца: Се појави опасен нов ТикТок предизвик поради кој тројца тинејџери завршија во болница

Реклама

Интернет предизвикците не се новост, но со доаѓањето на новата социјална мрежа ТикТок станаа секојдневие. Меѓутоа, некои се многу опасни, а еден од нив е Бенадрил предизвикот (Benadryl challenge).

ФОТО: foundingroots.com

Имено, во извештајот на Детската болница Кук во Форт Ворт, во Тексас, тројца тинејџери во мај се хоспитализирани поради предозирање со дифенхидрамин, лек познат како Бендарил. На лекарите им признале дека идејата ја добиле откако гледале видеа на ТикТок во кои се вели дека може да халуцинираат ако конзумираат повеќе таблети.

Една пациентка, 14-годишната Ребека, се предозирала откако испила 14 таблети среде бел ден.

Маркетинг
ФОТО: healthline.com

„Беше страшно. Халуцинираше, а пулсот и беше 199“, рече нејзината мајка Кејти која веднаш ја однела во ургентниот центар.

Ребека е примена откако наодите на ЕКГ-то биле загрижувачки, но за среќа состојбата ѝ се подобрила во текот на ноќта. Нема да има сериозни здравствени последици поради непромислената постапка.

Маркетинг

Педијатарот Џина Поснер појаснува за списанието Хелт дека Бенадрилот делува безопасно, но може да предизвика здравствени проблеми кога се злоупотребува.
„Да се зема во поголеми дози е лоша идеја“; предупредува таа.

Дифенхидрамин е антихистамин кој главно се користи за лекување на алергии. Може да се користи кај несоница, симптоми на обична настинка, тресење при паркинсонова болест и мачнини. Се користи орално, со инјекција во мускул или се нанесува на кожата.

“Неговите нуспојави се забрзан срцев пулс, сува уста и очи“, вели д-р Роберт Вебер.

Според упатството за лекот, децата на возраст од 6 до 12 години смеат да пијат по една таблета секој 4-6 часа, а постарите од 12 години се препорачува една до 2 таблети на секои 4 до 6 часа. Децата помлади од 6 години не треба да го земаат лекот Бенадрил.

„Децата се под посебен ризик од предозирање, но тоа зависи од возраста и големината. Иста доза која нема последици кај возрасните за децата може да има негативни нус појави. Можно е дека младите деца ќе реагираат многу поинаку на лекот од тинејџерите“, објаснува педијатарот Ашанти Вудс.

Кај пречекорувањето на дозата може да се појави температура, вртоглавица, заматен вид, повраќање, невесност, зголемен крвен притисок, халуцинации, напади, срцев удар, мозочен удар или загуба на животот.

Лековите како овој би можеле да бидат опасни и ако се конзумираат со други лекови за ублажување на болки.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button