Најдобрите чевли за оваа сезона – можете да ги носите од сега па се до крајот на ноември
Топ решение за преодниот период
Оваа сезона во мода е еден модел кој е како создаден за преодниот период. Станува збор за обувки со отворена пета кои обично доаѓаат во пар со мали, таканаречени „kitten“ потпетици. На сцената ги врати гламурозната модна куќа Dior, со својот популарен црно-бел модел за кој полудеа бројни познати модни блогерки и трендсетерки.
Нивна главна предност е што изгледаат еднакво добро како на „боси“ нозе, така и во комбинација со тексас здолниште и кратки ракави, како и со чорапи, фармерки и сако.
Добра вест е и тоа што овие чевли со отворени пети ги преплавија сите попознати продавници па лесно ќе најдете модел и за вас. Погледнете некои од најдобрите модели што ги најдовме во продавниците на познатите комерцијални брендови…
Bershka
H&M
Mango
Stradivarius
Stradivarius
Zara
Zara
Zara