Реклама
Хороскоп

Кој е најголемиот страв на секој хороскопски знак – кој не сака блискост, а кој стравува од несфатеност?

Реклама

Денес астрологијата ви открива некои мрачни страни, односно вашиот најдлабок страв.

 strav

Денес астрологијата ви открива некои мрачни страни, односно вашиот најдлабок страв. Како што ќе видите и самите, секој знак има некоја длабока грижа и многу работи од кои се плаши. Еве за што станува збор.

Маркетинг

Овен: Страв од прекинување

Најголем страв на Овенот е да направи нешто што ќе направи неговата сакана личност да си отиде од него. Тој бара трајни односи и силно е повреден кога нема да му се оствари тоа.

Маркетинг

Бик: Страв од нестабилност

Бикот се плаши дека нема да може да добие помош во светот. Нему му треба стабилност, како во односите, така и во достапните ресурси.

Близнаци: Страв од несовршеност

Близнаците се продуктивни и постојано сакаат да напредуваат. Нивниот страв од несовршеност постојано ги тера да ги подобруваат своите вештини и особини.

Рак: Страв од одбивање

Раковите се емотивни и чувствителни и тоа ги прави едни од најстраствените и најтопли луѓе, полни со љубов. Но, тоа исто така ги прави и многу чувствителни на одбивање. Какво било избегнување за нив е како казна.

Лав: Страв од незабележаност

На површина, Лавовите изгледаат многу сигурни и стабилни. Но, иако никогаш нема да покажат, тие имаат длабок страв дека резултатот од нивната напорна работа и вештини, ќе останат незабележани.

Девица: Страв од хаос

Девиците сакаат ред. Кај нив, сите работи имаат свое место. Тие секогаш доаѓаат на време и никогаш не се неподготвени. Од тука потекнува нивниот длабок страв за хаос. Девиците не можат да поднесат неорганизирани луѓе и неуредни места.

Поради ова, тие секогаш заминуваат: Вагата не толерира негативност, а рибите себичност >>

Вага: Страв од повредување на другите луѓе

Вагите се фокусирани на мир и љубов. Тие не можат да поднесат кавги и ги избегнуваат по секоја цена. Тоа не значи дека тие се плашат да се повредат себе, туку повеќе се плашат да им нанесат болка на другите луѓе.

Скорпија: Страв од ранливост

Во професионалниот свет, Скорпиите можат да бидат едни од луѓето полни со самодоверба. Но, кога станува збор за односите и делењето емоции и страст, Скорпиите стануваат парализирани од страв.

Стрелец: Страв од губење на контролата

Стрелците сакаат да ги имаат сите работи под контрола. Тие се слободни птици, сакаат да бидат креативни и да истражуваат возбудливи работи. Не сакаат некој да ги контролира нивните постапки и одлуки и тоа е нивниот најдлабок страв.

Јарец: Страв од несфатеност

Јарците се сјајни кога е потребно своите соништа да ги претворат во реалност. Тие точно знаат што сакаат и како да го добијат тоа. Она што прави најмногу да се плашат е тоа што другите нема да гледаат на нивните соништа со толкаво разбирање и уживање, како што тие го прават тоа самите.

Водолија: Страв од немоќ

Водолиите сакаат да бидат тука за нивните најблиски, повеќе од што било. Водолиите најмногу се плашат дека ќе дојдат во позиција каде што нема да можат да ја пружат потребната сигурност и заштита.

Риби: Страв од спротиставување

Рибите се многу чувствителни и исполнети со идеи. Ним не им смета критикувањето на тие идеи, но затоа мразат кавги. Дури и кога знаат дека вашата критика е целосно неточна, тие нема да ве критикуваат за тоа, затоа што тоа е премногу стресно за нив.

Ви се допаѓа момче родено во знакот девица? Еве како да го заведете >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button