За да се заштитите од штетните сончеви зраци, не заборавајте да се „опремите“ со кремови со што поголем заштитен фактор, но водете сметка и за нивниот состав.
За да се заштитите од штетните сончеви зраци, не заборавајте да се „опремите“ со кремови со што поголем заштитен фактор, но водете сметка и за нивниот состав. Во многумина од нив има многу хемии. на што кожата може бурно да реагира. Но, затоа со кокосовото масло можете да бидете сигурни, затоа што е природно, а што е и најважно, успева да формира заштитен слој кој ги „отфрла“ УВ зраците од вас. Неговата предност е во тоа што неколку часови откако ќе го нанесете, ја одржува влажноста на кожата, го спречува сушењето и настанувањето брчки.
Од друга страна, не мора да се грижете ни за убавина, затоа што со негова употреба ќе го добиете совршениот тен, без предолго изложување на сонцето. Добрата вест е и тоа што тој има антимикробни и антифугални својства, па спречува да добиете некоја инфекција додека сте во базен или на плажа.