Некој сака безкофеинско, а некој јако: Во каков тип кафе уживаат хороскопски знаци?
Еве во каков тип кафе уживаат луѓето со различни хороскопски знаци:
Овен
Енергичните овни сакаат висококвалитетно кафе, со богат вкус и арома, токму какво што е африканското. Кафето од Кенија е вистинскиот избор за нив.
Бик
Тие сакаат здраво кафе, кое не содржи хербициди, пестициди или некакво вештачко ѓубриво. Идеално според нивниот вкус би било органското кафе од Гватемела.
Близнаци
На нивната ведра и безгрижна природа одговара ретко до средно густо кафе, а би ги пробале сите видови, до последното на менито. Новото светско кафе кое потекнува од Папуа, Нова Гвинеја ќе им биде интересно на близнаците, барем неколку дена.
Рак
Нежните и чувствителни ракови, најверојатно би избрале безкофеинско кафе, бидејќи од кофеинското би станале хиперактивни.
Лав
Кога станува збор за изборот на кафе, главна преокупација на лавовите е усовршувањето на нивниот кафе-крем и испробувањето на разни техники за обликување на пената.
Девица
Чесните и конзервативни девици ќе се држат до добро познатото колумбиско кафе, кое е проверено и традиционално.
Вага
Секогаш тежнеејќи кон рамнотежа, вагите ќе го изберат висококвалитетното арабско кафе Мока-Јава, светски најстарата и најпозната мешавина од ½ Мока и ½ Јава. Мока-Јава е мешавина од кафе и чоколадо или кафе и сладолед, а вагите ќе уживаат во идеалниот сооднос.
Премини на следната страна >>