Свеќи, ружи и песна со посвета – ова се најдобрите љубовници и романтичари според хороскопот
Доколку барате романтичен џентлмен и одличен љубовник, ви советуваме да одберете некој од следниве хороскопски знаци…
Бик
Тој е духовит, сентиментален, емотивен и непоправлив романтичар. Единствено морате малку да внимавате да не го повредите бидејќи тој знае да биде премногу посветен, дури и посесивен. Понекогаш е тврдоглав, упорен, материјалист и знае да биде љубоморен. И покрај тоа, Бикот ќе ви покаже дека кавалерството уште живее и ќе ви пружи романтика каква што има само на филмовите.
Рак
Ракот е неверојатно романтичен и нежен. Можеби не сте го забележале тоа од прв поглед, но тој има многу силни емоции кои ги крие зад маската на цврста и непопустлива личност. Сака да ужива во романтични прошетки и гледање во ѕвездите, а за вас ќе биде подготвен да направи сѐ! Доколку навистина му значите, тој ќе сака да ве заштити од сите.
Лав
Лавот сака да се бори за жената која е единствена за него на овој свет. Доколку вие сте токму таа, сметајте се себеси за голема среќница. Тој ќе ви ја докажува неговата љубов на различни начини, од романтични љубовни состаноци до внимателно одбрани подароци. За него нема да постои ни една друга.