Дали постои совршена љубов, дали постои совршена хармонија? Хороскопот вели ДА!
Лав и Вага
И Лавот и Вагата знаат да бидат нежни, а во друштво обрнуваат внимание и на другите, но и меѓу себе. Нивниот живот понекогаш може да биде навистина гламурозен, а бидејќи и едните и другите уживаат во тоа – тука нема да има конфликт.Вагата нема секогаш да ја крие својата посесивност, но доминантниот Лав не обрнува внимание на такви ситници.А она што е најважно е тоа што и Вагата и Лавот се одлични комуникатори и тоа е тајната на нивната трајна љубов: Каков и да е проблемот, тие двајца ќе го решат со разговор.
Најлошите комбинации на хороскопските знаци кои немаат шанси во љубовта!>>>
Девица и Водолија
Водолијата лесно паѓа на неодоливата привлечност на Девицата, проникливиот ум, уредниот живот и опкружувањето… А Девицата секогаш знае како да се допадне на Водолијата, затоа што и Девицата магнетски ја привлекува сонувачката природа на Водолијата.Да овде на дело е онаа стара магија на спротивните полови на магнетната игла. И Водолијата и Девицата уживаат во интелектуалните дискусии, подготвени да се заинтересираат за нови идеи и концепти. Кога и да дојдат тешки времиња, овој пар е подготвен да најде решение. Секако ако Водолијата почне да дели лекции како што понекогаш знае да прави, Девицата сигурно ќе почне да негодува. Но, овие ситници не можат да наштетат на врската!
Ќе се каете ако раскинете со некој од овие хороскопски знаци >>