Скапи, а страшно грди – овие необични сандали од Гучи го срушија интернетот
Новиот модел на Гучи го сруши интернетот бидејќи луѓето едноставно не можат да се начудат на нивниот необичен изглед.
Главното прашање што се наметнува е дали се ова чизми или сандали?
Станува збор за црвено-беж модел кој изгледа како сандали, чизми или како сандали со вградена латекс чорапи. И како што беше очекувано, моделот предизвика големо внимание во јавноста, а многумина се прашуваа дали Гучи се шегува со оваа понуда. Како и да е, голема е веројатноста овој модел да биде еден од најпопуларните во периодот што следува.
Бела хадид носеше преубави балетанки – пронајдовме слични во нашите продавници >>
Имено трендот на носење чорапи во комбинација со сандали кој започна оваа есен се уште е актуелен. И додека на некои им изгледа грдо, и евтино, и се уште се двоумат дали да го пробаат, се појавија овие чевли кои го ставија овој тренд на едно сосема ново ниво.
Настана општ хаос – сите ги сакаат високите чизми на ријана >>
Сандали и необични пластични чорапи – зарем ова не е премногу? Не е привлечно, нити удобно, а најверојатно е и поприлично непријатно. Но модно освестените девојки се подготвени да експериментираат, па наместо обични чорапи и сандали, носат латекс.
И тие веќе ги имаат во своите плакари овие необични „Ilse Sock Sandal“ обувки кои се продаваат за „само“ 1.190, а можете да ги најдете во онлајн продавницата Нордсторм.
По овие одвратни фотографии ќе ви се згади од омилените чизми на сестрите Кардашијан >>
Па, дали би носеле ваков модел?