Мантилите од првите пролетни колекции …
Едноставни, елегантни и практични мантилите им пркосат на времето, истовремено прилагодувајќи се на најразличните модни трендови, и покрај многубројните промени, ги имаат задржано истата идеја и духот на својот оригинален дизајн. Својата улога ја има одиграно во некои од најпознатите модни сцени и незаборавни моменти од големото филмско платно, ги има одбележано плакарите на модните икони како што се Брижит Бардо, Одри Хепберн, Грејс Кели, но и на нивните модерни наследнички како што се Алекса Чанг, Оливија Палермо и Ема Ватсон. Неговата популарност ја потврдува токму присутноста во речиси секој женски плакат, како и во секоја пролетна или есенска колекција на брендовите.
Па, ако сакате да видите некои од најдобрите модели кои и ги подготвија дизајнерите на најпознатите брендови кои се присутни во Македонија, отворете ја галеријата што следува и побарајте го вашиот омилен модел.
Madewell
Премини на следната страна >>