Модната библија Вог на крајот од 2016 година состави листа со трендови кои според нивното мислење ќе бидат клучни во 2017.
Модната библија Вог на крајот од 206 година состави листа со трендови кои според нивното мислење ќе бидат клучни во 2017. Меѓу нив се и таканаречените „каки“ панталони кои некогаш се сметаа за неугледен моден тренд, но Вог отиде чекор понатаму и ги нарече „нови фармерки“. Па доколку едно ваков парче веќе поседувате во вашите плакари оваа сезона нема да морате да купувате нови ако сакате да ги следите трендовите. Панталоните кои се инспирирани од работничкиот стил веќе ги преправија продавниците на познатите брендови како што се Kenzo и Alexander Wang, а како што тоа и обично се случува, само прашање на време е кога ќе се појават и во понудата на најпознатите комерцијални брендови.
Отворете ја галеријата и погледнете ги и најдобрите панталони од Манго, Бершка и Зара >>
види повеќе » |