Колку и да водите грижа за лицето, има денови кога се појавуваат темни кругови и понекоја акна.
Еве неколку начини со кои може да ги соскриете.
Дали прво се става пудра или коректор? Одговорот е: течна пудра!
„Течната пудра е, всушност, основа за сè“, велат шминкерските уметници. „На тој начин ќе ја изедначите бојата на тенот, а со самото тоа и ќе видите каде навистина треба да прекриете со коректор.“
Пронајдете совршена нијанска
Соодветната пудра е основа за совршен тен, а со вистинската пудра нема да изгледате како да имате маска на лицето. Ако ја купувате во парфимерија, заборавете на тестирање на рака. Бојата на пудра со идентичен тен ќе ја пронајдете само ако ставите на лицето три нијанси за кои претпоставувате дека би ви одговарале. Онаа која совршено одговара на вашиот тен без многу триење е добитна.
Исто така, и имињата може да ви послужат како водич. Beige подразбира неутрална боја која не е ниту розова ниту жолта, па е идеална за природна средна боја на тенот. Warm нијансите одговараат на потемен и маслинест тен. Cream и ivory се наменети за посветла боја на кожата.
За да постигнете сјај, пред да ја нанесете, пудрата измешајте ја со на дланката со течен илуминатор. Течната пудра нанесете ја и врз очните капаци за да ги прекриете ситните капилари, а тоа ќе биде одлична основа за сенката за очи.
Премини на следната страна >>