Панталони кои сакаме да ги фураме ова лето …
Тексасните парчиња се на самиот врв на својата популарност, и ова важи особено за фармерките, но преку лето и од самата помисла на „skinny“ фармерки ни доаѓа жешко! Па, доколку и вие сте во потрага по други, поподносливи модели со долги ногавици со кои без проблем ќе можете да седите долго време под клима, без разлика дали сте на работа или не, или пак, едноставно треба да ги завршите вашите секојдневни обврски без да се топите на ова топло време, ви нудиме неколку малку поинакви модни трендови.
Благодарение на познатите ИТ дами како Сиена Милер, Оливија Палермо, Кендал Џенер и Џиџи Хадид, имаме дополнителна причина да се радуваме на новите летни панталони кои покрај тоа што се полежерни и поудобни за носење во овој период од годината, тие се и со прекрасни кроеви со кои не можете да поминете незабележано. Погледнете!
Па, доколку сакате да ги видите цените на најубавите панталони за оваа сезона од најпознатите комерцијални брендови во Македонија, кликнете тука или отворете ја галеријата што следува по фотографиите со познатите девојки.
Премини на следната страна >>