Ова е најпопуалрниот додаток за оваа летна сезона
Што е тоа – се дува со уста, розово е, стои покрај базен и девојките обожаваат да го јаваат и со него да се сликаат со насмевка на лицето?
Па, секако дека тоа е најпопуларниот додаток и за оваа летна сезона со кој познатите трендсетерки обожаваат да се фотографираат и да го споделуваат на социјалните мрежи со хаштагот #pool #summer #enjoy …
Големите фламингоси, џиновските бели лебеди и еднорозите се вистинска атракција и оваа сезона и тоа меѓу возрасните девојки. Речиси да нема фенси базен или плажа која покрај себе ги нема овие гумени играчки кои им се омилени на богатите и славните девојки за што веќе ви пишувавме (види тука). Токму благодарение на нив тие станаа вистински хит, а оваа фотографија со Аделина Тахири ни покажува дека наскоро ќе ги видиме и на нашите базени и плажи или во друштво на нашите познати трендсетерки.
Заразата започна минатата година кога девојките како Тејлор Свифт и Кендал Џенер ги објавија своите фотографии на кои уживаат со овие играчки, па така продажбата на компаниите како „Swimline“ или „Funboy“, кои се специјализирани за овој вид на додатоци за на плажа, преку ноќ порасна до небото. Па доколку сакате да се релаксирате и да го јавате вашиот розов фламингос, побарајте го на интернет страниците на „Асос“ или „Urban Outfitters“, или ако сте со подлабок џеб добар избор е и американскиот бренд „Funboy“.
Funboy $ 99.00
Asos (€77.46)
Asos (€77.46)
Премини на следната страна >>