Погледнете како изгледа девојката на Agent Provocateur ова лето.
Полека но сигурно ни се ближи сезоната за капење, па потрагата по модел кој совршено ќе ни стои влегува во се посериозна фаза. Но, овој пат нема да зборуваме за фини, женствени, цветни и тропски костими за капење, туку за модели кои можат да ги носат само најхрабрите од нас и кои нема воопшто да им пречи тоа што ќе бидат во центарот на вниманието на секоја плажа или базен на кој што ќе се појават.
Да, Agent Provocateur е бенд кој секогаш знае како да го привлече вниманието и да го оправда своето име, а неговите костими за капење дефинитивно не се за секого. Тие се секси, единствени и суперпровокативни и секоја девојка на која и стојат убаво можат да ја претворат во вистинска сензација на плажата. Колекцијата е проследена со опасен каталог во кој главната улога ја има атрактивната модел Фани Франсоаз.
Што се однесува до цените тие се движат од 155 до 355 долари, а можете да ги порачате од нивната официјална интернет продавница.
види повеќе » |