Овие плочки имаат извонреден вкус и можат да ви послужат како одлична ужинка во кој било дел од денот кога ќе ви се пријаде нешто благо.
Овие протеински плочки се одличен избор за сите што вежбаат, можат да се јадат пред или по тренинг, или во кој било момент во текот на денот кога ќе ви падне енергијата и ќе посакате нешто благо. Секако, и оние што не вежбаат можат да уживаат во прекрасниот вкус на оваа блага но здрава ужинка.
Состојки:
– 1/2 шолја (околу 130 g) путер од кикиритки
– 1/2 шолја (околу 85 g) суво грозје
– 2 лажици пржени бадеми
– 1/8 лажичка екстракт од ванила
– 1/2 шолја (околу 60 g = 2 мери) whey протеини (чоколадо или ванила)
Упатство за подготовка:
Пропржете ги бадемите на тивок оган. Ставете ги потоа сите состојки во блендер/сецко и миксајте се додека не добиете воедначена смеса. Обликувајте ги плочките со рака и потоа оставете ги да отстојат во фрижидерот во текот на ноќта.
Од оваа количина ќе ви излезат околу 6 плочки.
Хранлива вредност за 1 плочка:
Калории: 242
Протеини: 12 g
Јаглехидрати: 18 g
Масти: 11g
Извор: Building-body