Рецепти

Рецепт: Енергетски плочки

Реклама
Реклама

 

Овие енергетски плочки ќе ви се најдат кога во текот на денот ќе почувствувате желба за благо ил пад на енергијата. Можете да направите поголема количина во текот на викендот и да се снабдите за неделата пред вас.

Маркетинг

Овие вкусни енергетски плочки се идеални за сите што вежбаат и внимаваат на исхраната. Одлични се како ужинка и ќе ви се најдат секогаш кога ќе почувствувате желба за благо или пад на енергијата. Претставуваат идеална здрава замена на купечките плочки. Направете си поголема количина и носете си со вас каде и да одите – на факултет, на работа, во теретана …
 
СОСТОЈКИ

 

Маркетинг

– 100 g урми без семки
– 75 g сушена брусница
– 100 g бадеми, крупно измелени и потпечени
– 50 g мелен лен (можете да измелете во млин за кафе)
– 1 лажица агавин сируп
– половина лажичка цимет
– 50 ml вода
– 1 ред темно чоколадо
 
ПОДГОТОВКА
 
Измелете ги урмите и брусницата во блендер. Измелете ги бадемите на полуситно и потпечете ги или пропржете во тава околу една минута. Додадете ги бадемите во смесата од урми и потоа додадете го мелениот лен и цимет. Додадете ја водата и агавиниот сируп и се убаво измешајте со миксер. На крајот додадете ги коцките темно чоколадо.

Сипете ја смесата во плех обложен со мрсна хартија. Смесата е прилично леплива така што ќе биде најдобро со рацете убаво да ја распоредите на плехот. Ставете ја да отстои во фрижидер неколку часа и потоа исечете ја на плочки.

Извор: Fit-team

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button