Визажистите советуваат задолжително да ги пробате овие три мејк-ап трендови кои ќе бидат вистински хит за време на постудените месеци.
Дали почнавте да размислувате за новите есенските и зимски бјути трендови? Есенската сезона веќе е започната, па не само што мораме да бидеме информирани за трендовите кои ќе бидат хит оваа сезона, туку истите треба и да ги применуваме.
Станува зор за три клучни мејк-ап трендови кои се совршени за преминување од топлата во студената сезона. Со помош на неколку феноменални производи и техники кои ќе и ги претставиме, ќе изгледате фантастично.
СТРОБИНГ
Стробингот е еден од трендовте кој веќе долго време постои, а стручните лица само внимателно го камуфлираа и префрлија во нов концепт, кој и понатака, се уште ни е еден од омилените.
Со нагласување на одредени делови од лицето (со „хајлајтер“ – осветлувач или илуминизатор) вашето лице ќе изгледа беспрекорно. Изберете ја формулата која најмногу одговара на вашиот тип на кожа (течни или кремести производи за сува, а прав за оние кои се наклонети кон помрсна кожа) и одберете производ со умерена доза на честички за изглед на совршена кожа.
Наместо да ги контурирате лицето и јаболкниците, оваа техника подразбира само нешто поинтензивно нанесување на „хајлајтерот“ како би ја подигнале целокупната структура на лицето и на тој начин да добиете свеж, младолик изглед без остри линии.
БЕЈКИНГ
Овој тренд дефинитивно не е нешто кое би го нарекле „I-woke-up like this“, но е совршен за вечерни пригоди или луда забава со пријателките.
Концептот вклучува правилна хидратација и подготвување на подрачјето околу очите пред нанесување на коркетор со висока моќ на покривање, а потоа на истото тоа подрачје, со мокро сунѓерче за шминкање, нанесете поголема количина пудра во прав или транспарентна пудра како би го фиксирале коректорот кој се наоѓа одоздола.
Клучот на целата техника е – трпението!
Имено, пудрата треба а ја оставите 10-на минути на лицето како за тоа време би ја „направило магијата“, или со други зборови, како навистина би му дозволиле потполно да го фиксира коректорот пред да го тргнете вишокот од кожата.
НЕЈАСНИ КОНТУРИ НА УСНИТЕ
Ова најверојатно еден од најнеобичните и најдобрите трендови кои ги имаме видено во последно време. Девојките со шминка во која усните немаат јасни контури доминираат со есенската „beauty“ сцена, а целиот концепт е замислен убавите и провокативни сочни усни да ги направи да изгледаат суптилно и нежно.
Техниката на апликација е токму она што го прави овој тренд модерен – линиите на усните се бришат со парче памук, или пак, со нежно и постепено натапкување на бојата на усните, користејќи ги само прстите.