Реклама
Коса

Која боја на коса ќе биде најжешкиот тренд за 2015?

Реклама

Заборавете на „омбре“ фризурите, бидејќи кога е во прашање бојата за коса, во тренд е ecaille, а тоа веќе го знаат девојките како Блејк Лавли и Џесика Алба кои покажаа како и што треба да се носи.

 

Маркетинг

Ако во 2014 во тренд беа омбре прамени, во 2015 ќе морате да го научите францускиот збор ecaille што во превод би значело оклоп на желка, односни кога е во прашање боја на коса „ефект на оклоп на желка“. Станува збор за златни прамени во комбинација со потемни, побогата нијанса на карамела. За разлика од омбре прамените, тука не станува збор за две нијанси, туку за многу повеќе тонови кои се мешаат од корен на косата кон краевите, од потемно кон посветло, поради што косата изгледа посјајно и природно.

Ecaille беше тренд и за есен 2014, а според познатите celebrity стилисти овој тренд ќе владее и во 2015. Станува збор за топли кафеави нијанси, боја на мед и јантар, кои се наоѓаат на пример на чешел од оклоп од желка.

Маркетинг

Кај русокосите тоновите се во златни нијанси со малку потемни прамени во нијанса на карамела, поради што бојата изгледа поприродни, како да е осветлена од сонцето. Тоа најдобро може да се види на Џесика Алба, Клои Кардашијан, како и на новопечената мама Блејк Лавли.

 

 

Покрај овој тренд, познатите дами се почесто бараат и платинеста боја на коса, каква минатата година покажаа Адам Левин и Џастин Бибер, додека од жените Џануари Џонс и Гвен Стефани.

Што се однесува до црвените нијанси, тие ќе бидат потемни, подлабоки, богати со костенаво- црвени тонови, како на Ема Стон и Кристин Хендрикс.

Не правете го ова дома!

Ако постои боја за која стилистите едногласно би ви кажале дека не треба да се обидете да ја направите сами дома, тогаш дефинитивно тоа е оваа боја. Едноставно станува збор за техника која не може лесно да ја направите дома, затоа најдобро е најпрво да се посоветувате, односно да ја направите кај вашиот фризер.

Instyle.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button