Диети

Диета со млеко и пециво

Реклама
Реклама

Многу луѓе се откажуваат од диетите кои им изгледаат премногу комплицирани бидејќи бараат броење на калории, мерење на намирниците и подготовка на специфични оброци.

 

Маркетинг

 

Би се нафатиле на одредена диета ако храната што треба да се консумира е поедноставна, може лесно и едноставно да се најде и подготовката на оброците на бара премногу труд и мака. Една таква лесна и едноставна диета е диетата со млеко и пециво која ќе ви помогне да се ослободите од вишокот килограми и притоа да ги решите проблемите со варењето и со кожата. Оваа диета ја осмислил австрискиот нутриционист Франц Зевиер Мјенмар во средината на минатиот век, кога ја препорачувал на своите пациенти. Диетата делува на тој начин што ги навикнува органите за варење на уредна работа, ги чисти цревата и притоа се губат 200-300 грама дневно.

Маркетинг

 

 

Какво млеко треба да се пие

 

Млекото што треба да се консумира во текот на оваа диета мора да биде полномасно, а најдобро ќе биде ако можете да го набавите природно, од мали селски фарми. Таквото млеко во себе ги содржи сите потребни ферменти, калории, витамини и минерали потребни за нормално функционирање на телото. Исто така, треба да се напомене дека млекото не треба да се пие брзо, туку пополека, во мали голтки, бидејќи токму неговото споро внесување во организмот ќе им помогне на цревата да се обноват и исчистат од сите нечистотии, отрови и отпадни материи.

 

 

Какво пециво треба да се јаде

 

Се препорачува да се јадат земички од интегрални житарки, но тие не смеат да се консумираат истиот ден кога се печени, туку треба барем 24 часа да се сушат на воздух. Но, тие исто така не смеат да бидат и претврди, па никако немојте да ги консумирате по вториот или третиот ден од сушењето на воздух. Нивната тврдост зависи од квалитетот на пецивото, ако пецивото подолго време е свежо, значи дека е поквалитетно, но и дека треба подолго да се суши на воздух.

 

Не е точно ограничено колку млеко треба да се испие и колку земички да се изедат во текот на денот, но стандардната количина е помеѓу четири и шест земички и исто толку чаши млеко. Исто така, и земичките треба да се јадат пополека, во мали залчиња, долго џвакајќи го секое залче, толку долго додека вкусот не стане слаткаст. Потоа во мали и спори голтки (може и со лажица), се пие млекото. Само на ваков начин ќе ги почувствувате придобивките на оваа диета – губењето на килограмите и воедначено варење на храната.

 

 

 

Должина на траењето на диетата

 

Најдобро е оваа диета да се спроведува до една недела, но сé зависи од состојбата на системот за варење и секако килограмите што сакате да ги изгубите. По една недела на диетата, следната недела јадете варено месо и зеленчук, овошје, интегрални житарки, темно чоколадо, интегрален ориз и тестенини, па после тоа пак една недела држете ја диетата со млеко и пециво. Во текот на диетата, доколку сметате дека не внесувате доволно витамини и минерали, се препорачува да земате мултивитамински препарати.

 

 

Чист и здрав организам

 

Оваа диета не само што ќе му овозможи на вашиот систем за варење да се одмори и оправи, многу брзо ќе забележите дека столицата ви е светла и дека нема непријатен мирис, туку е како кај бебињата. Губењето на килограмите и убавата кожа се само дополнителна награда. Со отстранувањето на сите штетни материи од организмот кожата на целото тело за многу кратко време ќе се препороди. Површинските брчки ќе исчезнат, кожата ќе се затегне, ќе изгледа подмладено и обновено, без траги на исцрпеност.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button