Бојадисување на косата можете да го напавите и дома, без професионална помош.
Се што треба да направите е да ги следите овие неколку правила, и секако дека ќе бидете задоволна од вашиот нов изглед.
Прескокнете го миењето на косата пред да се бојадисувате
Најдобро е да не ја миете косата 24 часа пред бојадисувањето бидејќи со водата се отстрануваат природните масла кои што ја штитат кожата на главата од хемикалии. Вишокот од фарбата отстранете го со вода, но без да користете шампон кој што отстранува боја.
Користете маска
Косата пред фарбање убаво е да ја заштитите со хидрантна маска која што треба да ја нанесете еден ден пред бојадисување. Ова козметичко сретство е одлична превентива за да се заштитите од оштетување, ја прави бојата да изгледа поживо и рамномерно да се распореди на косата.
Прочитајте го упатството!
Многу жени ги игнорираат упатствата што ги пишува на пакувањето. Тие треба внимателно да се прочитаат, а особено внимание треба да посветите колку треба да трае бојадисувањето. Доколку ја оставете бојата само неколку минути подолго од пропишаното, тоа негативно ќе влијае на бојата на косата.
Секогаш купувајте најмалку две пакувања
Доколку имате долга или густа коса, една кутија со фарба можеби нема да ви биде доволно. Затоа секогаш купувајте по две пакувања, а доколку не ја искористите втората кутија, тоа можете да го направите при наредното бојадисување.
Направете тест
Едиснтвен начин да видите како вашата коса ќе реагира на фарбата, е да направите мал тест така што ќе ставите мала количини од фарбата на темето.
Бојата нанесувајте ја рамномерно
Поделете ја косата на неколку делови (четири илл пет) и врзете ги со ластиче. Бојадисувајте ја косата дел по дел, а бојата нанесувајте ја од коренот кон крајот на косата.