Компанијата за производство на презервативи Durex, во последното истражување на интересен начин преку бројки го опиша сексот и ги прикажа погледите на луѓето на забавата под чаршавите, помеѓу повеќе нации. Станува збор за анкета во која беа опфатени 29 000 луѓе од 36 земји од целиот свет.
Сексот како добра ствар за здравјето најчесто го доживуваат 82 проценти од грците и Унгарците, а веднаш зад нив следат Хрватите, кај кои четворица од пет испитаници се на мислење дека сексот e лек за секоја болка. Иако кај Хрватите дури тројца од четворица се изјасниле дека се задоволни со својот партнер, прељубата не им е непозната категорија, а за секс во тројка или комплетен групњак фантазира секој трети испитан Хрват и Хрватка!
Светскиот просек на користење куртон при првиот секс кај Французите е 35%, 40% кај Американците и 50% кај Британците. Нашите јужни соседи, грците, во тоа поле се најнапредни – дури 66% користат презерватив при првиот секс, што и не е за чудење со оглед на фактот дека просечно сменат околу 30 партнери пред бракот.
На прашањето колку девојки ја голтаат спермата при ејакулацијата на нивниот партнер, како најгурманки се изјасниле Германките со 38%, потоа следат Британките со 33%, па Украинките со 30%, а веднаш по нив се Хрватките со 26%.
Најљубопитна нација во постелата се Британците кои трошат најмногу лубриканти, а почесто користат и вибратор од Французите и Германците (секој трети), додека кај Хрватите овој просек е само скромни 5% од испитаниците.
И повторно, по кој знае кој пат ќе мора да кажеме дека Македонците и во ова испитување воопшто не се сметани ни меѓу живите, па така и овој пат не можеме да дадеме никакви податоци за нашите сограѓани ни на ова поле, толку интересно за обработка. Кој знае, можеби ние треба први да го скршиме мразот и да направиме една мала анкета за сексуалноста кај нашите читатели. Што милите вие? Добро би било да започнете со некој коментар на оваа тема за да го разбудите ентузијазмот и кај нас. Или пак можеби се плашат дека ќе ги растуриме?! :)