„Покрај Bryan Ferry поимот за елеганција и нежност на мачо-рок сцената е Mick Hucknall. “
Трансформирајќи се од горчлив панкер в шармантен заводник, светската слава ја постигна како фронтмен на групата Simply Red.
Уште од првиот албум беа препознатливи по својата комбинација на попот и соулот и својата кариера ја градеа на лесно препознатливите карактеристики: hucknalloviot глас, прозрачните аранжмани и дискретните стилизации.
Злобниците би рекле дека нивната пунлика ја сочинуваат 90% жени и 10% геј-ови. Освен тоа преслушувањето на албумите на Simply Red се бесплатни инструкции за суптилност и деликатност.
Љубовните песни се проверен адут за Simply Red кој неможе да потфрли. На овој албум – компилација професионално отсвирените песни што ги краси Hucknalloviot глас може да им се приговори бидејќи е уште една во низата компилации од Simply Red и со само еден новитет на албумот, песната “I Have The Love“.
На некој начин Songs Of Love преставува и затварање на кругот. Имено по завршувањето на турнејата се очекува Hucknell да ја упокои групата Simply Red и да застане како вокалист на групата Tha Faces (некогашната група на Rod Steward), бенд што звучи подеднакво заводнички како Simply Red само на друг начин. Панкерите ги обожаваа The Faces, па ангажманот на Mick Hucknall во оваа група ќе биде шанса тој да се потсети на старите денови.