Наши ѕвезди

Внуката на Панчо се огласи и ги расплака сите – објави и фотографии, еве и кога ќе биде последниот поздрав

„Веќе ми фалиш најмногу на свет“, напиша Мина на Инстаграм

Advertisement

Оваа објава расплака многумина на социјалните мрежи.

Внуката на Владимир Блажев-Панчо, Мина Блажев, сподели неколку фотографии и порака со која расплака многумина.

Advertisement

Во својата емотивна објава таа му се обрати на Панчо, а на нејзините зборови никој не можеше да остане рамнодушен.

Инстаграм/ Мина Блажев

Мина сподели и неколку фотографии на кои е и Панчо, а во пораката напиша дека тој не може без неговата екипа, па решил повторно да им се придружи за да пеат повторно сите заедно, само сега на едно поубаво место каде што песната никога не замолчува.

Advertisement

Целата нејзина објава во продолжение:

Инстаграм/ Мина Блажев

„Прасе мое, џуџе мое, срце мое… А едвај чекав да те видам и да те изгушкам најсилно на цел свет❤️

Срцето ми е тешко, мислев дека за кратко ќе те слушнам пак како ми викаш “Прасац кога ќе се видиме” ама знам дека не можеше без твојата екипа, па реши повторно да им се придружиш, за да пеете сите заедно само сега на едно поубаво место каде што песната никогаш не замолчува. Искрен, со големо срце, со душа што знаеше искрено да сака и да помага – тоа беше ти. Веќе ми фалиш најмногу на свет, патувај мирно прасе мое. До следно видување те сака твоето омилено внуче дебилче“, напиша Мина на својот профил на Инстаграм.

Инстаграм/ Мина Блажев

Потсетуваме, погребот и последниот поздрав со познатиот музичар ќе се подржат денес, со почеток во 9 часот.

Инстаграм/ Маја

„Последен поздрав!

На ден 16.10.2025 г., неговите ближни, роднини и пријатели, ќе можат молитвено да се збогуваат со Владимир Блажев – Панчо.

Телото ќе биде изложено во црквата Св. Илија – Аеродром.

Молитвениот чин ќе започне во 9 часот, со Заупокоена литургија. Сочувство ќе може да се изрази во периодот 10 до 12 часот, а Опелото ќе започне во 12 часот.

Погребот, пак, ќе биде на гробиштата во Бутел, во 13:30 часот“.

Панчо почина на 46 години. Животот го загуби седум месеци по повредите со кои се здоби при пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на 16 март, а во која загинаа уште 62 лица.

Тој зад себе ја остави неговата Маја и синовите Андреја и Марјан, а само неколку недели пред несреќата во Кочани, ја сподели и последната фотографија на која е со еден од своите наследници, објавена на неговиот роденден, а која се уште стои на Инстаграм.

Повеќе за ова прочитајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button