Нега и здравје

Домашен мелем од билка против запек – заборавете на скапи лаксативи, ова го чисти темелно стомакот

Мелем е за варење, против запек и надуеност.

Advertisement

Откријте го моќниот ефект на оваа билка која расте насекаде, го чисти телото додека спиете и носи олеснување по само една шолја од овој мелем.

Ако се борите со забавен метаболизам, честа надуеност или мачен затвор, не мора да трошите пари на скапи препарати и лаксативи. Решението расте секаде околу нас, а станува збор за глуварчето –  билката што често ја сметаме за обичен коров, е всушност моќен сојузник на дигестивниот систем.

Advertisement

Глуварчето го забрзува варењето, го чисти црниот дроб, ги ослободува цревата од насобраните токсини и го намалува вишокот течности во телото.

Освен тоа, оваа билка помага и при регулирање на телесната тежина, ја намалува подуеноста и делува смирувачки врз целиот организам.

пекселс

Чај од глуварче што „чисти како метла“

Овој едноставен чај може да се подготви за помалку од 5 минути, а првите ефекти се чувствуваат веќе по првата шолја.

Advertisement

Состојки:

1 лажица сув корен од глуварче

250 мл врела вода

по желба: малку мед или лимонов сок (се додава откако чајот ќе се излади)

Подготовка:

Во шолја врела вода ставете една лажица сув корен од глуварче. Поклопете и оставете да отстои 10-15 минути. Потоа процедете и пијте го чајот навечер, пред спиење, додека е топол (не врел).

Чајот ќе го поттикне цревниот систем, ќе помогне при излачување на токсини и вишок вода, а делува и благо лаксативно 10 до 30 минути по консумација.

пекселс

Мелем од глуварче за долготрајна поддршка

Покрај чајот, можете да подготвите и домашен мелем од глуварче кој се користи за внатрешна употреба, но и надворешна, за смирување на дигестивни тегоби и надуеност.

Состојки:

10 свежи цветови на глуварче

100 мл маслиново масло

1 мала тегличка

Подготовка:

Цветовите измијте ги и добро исушете ги. Ставете ги во тегличката и прелијте ги со маслиново масло. Затворете и оставете да отстои на сончево место 2-3 недели, повремено протресувајќи. Потоа процедете. Мелемот можете да го земате по една лажичка дневно (на гладно), или да го нанесувате на стомакот при грчеви и надуеност.

Корисни ефекти:

Подобрување на варењето

Стимулирање на цревниот транзит

Детоксикација на црниот дроб

Намалување на подуеност и гасови

Отстранување на задржана вода од телото

Природен диуретик

Глуварчето не се препорачува за трудници, доилки, лица со камења во жолчката или за оние што користат диуретици без консултација со лекар. Иако е природна билка, секогаш е важно да се следи препорачаната доза и да се внимава при долготрајна употреба.

За полн ефект при процес на слабеење, комбинирајте го чајот и мелемот со лесна исхрана, повеќе вода и умерено движење.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button