Алачки НИКОГАШ понасмеана и повесела, ама детаљот на НОЗЕТЕ ГИ ИЗНЕНАДИ нејзините обожаватели
Еве што носеше за да се движи полесно

Цело време беше насмеана и веселa
Познатата пејачка и водителка, Адријана Алачки, заедно со својата екипа беше во посета на Крањ во Словенија.
Таа таму снимаше емисија која наскоро ќе може да ја гледаме на телевизија Алфа, а сподели и неколку фотографии од посетата. Од објавите може да видиме дека Алачки беше во одлично расположение, па цело време позираше со насмевка на лицето.
Инстаграм/ Адријана Алачки
Таа привлече внимание и со своето интересно модно издание, кое и овој пат не можеше да помине незабележано.
Имено, Алачки за оваа пригода носеше долг бел фустан во комбинација со црно сако, а целото издание го зачини со сламен шешир и бели патики, изгледајќи максимално опуштено, но и модерно во исто време.
Како Алачки изгледаше во ова издание, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Адријана Алачки
Бели патики и сламен шешир? Па зошто да не, нели?
Нашата позната водителка од „Вкусот на традицијата“ и „Везилка“ во последно време редовно привлекува внимание и со своите модни комбинации на кои публиката речиси секогаш реагира позитивно.
Инстаграм/ Адријана Алачки
Но нејзините фанови најмногу сакаат да ја видат во елегантна облека, која обично е одлична и за прикривање килограми.
Инстаграм/ Адријана Алачки
Впрочем така беше и овој пат, само што сега Алачки изненади што наместо штикли, носеше бели спортски патики.
Инстаграм/ Адријана Алачки
Белите патики навистина се хит веќе неколку сезони, но во комбинација со сламен шешир и сако навистина ретко ги гледаме.
Инстаграм/ Адријана Алачки
Погледнете ги и останатите комбинации на оваа наша позната дама и кажете ни во коментарите што мислите за нејзиниот стил?