Наши ѕвезди

Нашата пејачка падна од тераса и доби тешки повреди – нејзината тажна исповед остава без зборови (видео)

Весела девојка и покрај сите животни тегоби

Advertisement

Познатата фолк-пејачка, Соња Тарчуловска, во една пригода раскажа како се случило да падне од терасата во нејзиниот дом.

Таа тогаш со своето семејство живееше во зграда, во стан на прв кат, а по падот заврши во болница со сериозни повреди.

Advertisement

Како што објавија тогаш медиумите, Соња тогаш завршила со скршеница на карлицата и ’рбетниот столб,  по што веднаш била примена во ургентниот центар на Клинички во Скопје.

Фејсбук/ Соња Тарчуловска

Овој непријатен настан на Соња ѝ се случи пред повеќе од десет години, односно во 2013 година, по што веднаш почнаа да се шират шпекулации дека била фрлена и од страна на сопругот.

Advertisement

Соња по излегување од болница откри детали од несреќата, а во медиумите се огласи и нејзиниот сопруг Јохан Тарчуловски.

Фејсбук/ Соња Тарчуловска

Имено, таа тогаш на својот Фејсбук профил објави писмо, кога се обрати во јавноста по цели 5 години истакнувајќи дека не ја фрлил Јохан.

„Може да сонувате да имате брак како нашиот и никогаш не би се избориле со искушенијата низ кои поминавме ние“, напиша Соња тогаш додавајќи дека нејзиниот сопруг не ја фрлил од терасата.

Фејсбук/ Соња Тарчуловска

Потоа во медиумите се огласи и нејзиниот сопруг Јохан Тарчуловски, кој појасни дека во тој моменти не бил дома, истакнувајќи дека овие шпекулации ги пласирале неговите политички ривали.

Весела девојка и покрај сите животни тегоби

Потсетуваме, македонската фолк-дива Соња Тарчуловска повеќе од три децении е присутна на нашата музичка сцена.

Фејсбук/ Соња Тарчуловска

Таа откако се омажи и ги роди децата му се посвети на семејниот живот, но неодамна и се врати на својата прва љубов – музиката.

И како што и самата откри во една пригода за Гламур магазин (повеќе за ова прочитајте тука), Соња на сцената прв пат се појавува на свои 15 години, а некои нејзини песни со кои се искачи на ѕвезденото небо и денес се пеат на веселбите и се големи хитови.

Фејсбук/ Соња Тарчуловска

На сцена од 15 години

„Успешноста е личен доказ дека си бил упорен и истраен, амбициозен и храбар. Во време кога критериумите беа високи и навистина беше голема реткост да се види пеачка на сцена со само 15 години, мојата храброст и лидерска  аура зачинета со мојата интуиција ми го покажаа патот по кој се движев за подоцна да сфатам дека тоа било голем предизвик за мене со кој денес се гордеам“, изјави тогаш Соња, па го додаде и следново:

„Јубилејните 30 години ќе ги заокружам со безброј настапи и создавање на среќни моменти и спомени со песните кои што ми се случија тогаш. Јас успехот го градев и обезбедив со многу песни кои што до ден денес се пеат и слушаат, но една од нив е навистина  безвременска. Песната ‘Во бело’ е мојот животен јубилеј“, заклучи тогаш нашата фолк-дива Соња Тарчуловска во интервјуто за Гламур.

Што уште ни откри Соња во ова нејзино интервју, како и за најтешкиот период во нејзиниот живот, прочитајте тука

Бонус видео

Тарчуловска и „Весела девојка“

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button