Еве како Мартин од „Некст тајм“ ужива со сопругата – ќеркичката им го украде шоуто, изгледа преслатко
Тиа важат за еден од најскладните парови

Романтични моменти што сите ги воодушевија
Мартин Филиповски од „Некст тајм“ и ракометарката Андреа Балеска во октомври минатата година се остварија во улога на родители.
Познатиот музичар својата среќа ја пронајде покрај ракометарката со која осум години беа во врска пред да запловат во брачните води.
Инстаграм/ Мартин Филиповски
Тие сега споделија романтични фотографии од кои може да видиме како уживаат со ќеркичката Лиана, а оваа нивна објави ги воодушеви сите и предизвика големо внимание на социјалните мрежи.
Ова не е прв пат Мартин да покаже како се топи во близина на своите две убавици, откривајќи дека ужива во својата нова животна улога.
Инстаграм/ Мартин Филиповски
Облечен во бела кошула и фармерки Мартин стоеше гордо покрај нив, а неговата сакана носеше бели панталони и беж блуска, додека нивната принцеза беше облечена во нежни пастелни виолетови нијанси.
Таа носеше и капичка на главата, а мама ја држеше во рацете, додека Мартин во еден момент ја бакна и ги стопи сите.
„Прекрасна фамилијарна фотографија“, „Е многу сте убави“, „Среќни празници“, беа само некои од коментарите што ги добија од фановите.
Инстаграм/ Мартин Филиповски
Потсетуваме, Мартин и ракометарката Андреа осум години беа во врска пред да се заколнат на вечна љубов.
Инстаграм/ Мартин Филиповски
Тие застанаа на лудиот камен во јуни 2023 година, а по една година и неколку месеци се остварија и во улога на родители.
Инстаграм/ Мартин Филиповски
Белеска е родена во Кичево 1994 година, а во 2014 беше прогласена за најдобра ракометарка во Македонија.