Мими од Велес покажа како го уредила нејзиниот дом – пејачката блеска од радости со своите најмили
Еве како се слави Велигден во домот на поранешната македонска Гранд ѕвезда

Пејачката Мими Јовановска е во брак со музичарот Филип Нуне
Шармантната велешанка Мими Јовановска се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ каде сите ти освои со својот беспрекорен глас.
Таа по учеството во шоуто се омажи со музичарот Филип Нуне, а неколку месеци подоцна, во мај 2023 се оствари и во улога на мајка.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Тие денес живеат мирен семеен живот и ги негуваат традиционалните вредности, што може да се види и од овие фотографии.
Имено, Мими сподели неколку фотографии направени во нејзиниот дом за време на Велигденските празници и сите ги воодушеви.
Инстаграм/ Мими Јовановска
Пејачката ја покажа празничната трпеза во својот дом на која се наоѓаат неколку украсни кошници со велигденски јајца и декоративни свеќи, а шоуто овој пат го украде нејзиниот син Никола на кого за неколку недели мама и тато ќе треба да му го прослават вториот роденден.
View this post on Instagram
Потсетуваме, Мими и Филип направија свадба во јули 2022 година, а следната година во мај се остварија во улога на родители.
Нивните свадбени фотографии се уште се вртат на социјалните мрежи, како и видеото кога Мими се фати за микрофонот и му запеа на саканиот, додека нејзиниот сопруг ја „следеше“ со трубата.
Инстаграм/ Мими Јовановска
Како изгледаше и овој посебен ден во нивните животи, но и каква убавица беше Мими како невеста, потсетете се во продолжение…