Реклама
Новости

И снаата на Поповиќ скршена од преголема болка – денес е погребот, и за неа се грижеше како за свое дете

Таа заврши тежок факултет, а денес работи со пејачките од „Ѕвездите на Гранд“...

Реклама

Основачот и креативниот директор на „Гранд продукција“, Саша Поповиќ, ќе биде погребан денес во Белград.

Тој зад себе ја остави сопругата Сузана, ќерката Александра и посинокот Даниел за кого секогаш се грижел како вистински татко.

Имено, Даниел е син на Сузана од нејзиниот прв брак, но Поповиќ никогаш не правел разлика помеѓу него и нивната ќерка Александра и го сакаше како вистински син и од мали нозе се грижеше за него.

Маркетинг

Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

И како што Поповиќ и самиот во една пригода откри, и да имал син сигурно не би го сакал колку што го сака Даниел.

Маркетинг

Колку тие беа поврзани може да се види и по тоа што Даниел исто така цело време беше во Париз, се до последниот здив на својот татко.

Инстаграм/ Тијана

Тој завчера заедно со останатите членови се врати од Париз во Белград, а потоа беше да ја посети својата мајка во куќата во која што таа живееше со Поповиќ и нивната ќерка Александра.

Инстаграм/ Тијана

Имено, Даниел од 2022 година е во брак со преубавата Тијана, а за нивната свадба што Поповиќ тогаш им ја направи со денови се зборуваше. И како што самиот Поповиќ во една пригода откри, тој на своите деца им купил недвижнини, а меѓу другото за својата ќерка и снаа обезбедил и локал во кој ќе отворат и салон за убавина.

Инстаграм/ Тијана

Тијана иако има завршено економија веќе долги години се занимава со шминкање и е мошне успешна во својата работа.

Инстаграм/ Тијана

Таа ја има шминкано и својата свекрва Сузана за нејзините настапи, но и бројни познати ѕвезди од балканскиот шоубизнис.

Но и таа како и нејзиниот сопруг Даниел, не сака премногу да се експонира, освен на својот профил на Инстаграм каде покрај фотографиите од нејзините разубавени клиентки, понекогаш знае да сподели и по некој заеднички момент со сопругот со кого често патуваат и уживаат во животот.

Инстаграм/ Тијана

Потсетуваме, естрадниот маг Саша Поповиќ почина на 1 март во болница во Париз по кратко и тешко боледување.

Неговиот погреб ќе биде денес во Белград, а како што пренесуваат медиумите според изјавите на оние што беа блиски со него, една од ретките желби што му останаа неисполнети во животот беше да ја ожени својата ќерка Александра, но и со сопругата Сузана да дочекаат внуци. Поповиќ во една пригода за оваа негова желба и самиот зборуваше отворено во едно од неговите последни интервјуа, а повеќе за ова прочитајте на следниот линк.

На Поповиќ пред смртта само една желба му остана неисполнета – тешката болест беше посилна

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button