ОВА СЕ ПОСЛЕДНИТЕ ЗБОРОВИ НА ПОПОВИЌ ДО СЕМЕЈСТВОТО! Новите детали ја кинат душата: Последните 2 дена примал јаки лекови

Според извори на Курир.рс, починатиот основач на „Гранд продукција“ до последен момент бил свесен и тоа време им го посветил на најблиските, кои биле покрај него.
Саша Поповиќ целиот свој живот го посвети на поп музиката и семејството. Со медиумскиот магионичар до последен момент беа неговата сопруга Сузана Јовановиќ, ќерката Александра и посинокот Даниел.

Како што дознава Курир, првиот човек на најголемата музичка продукција со емотивна порака се простил од своите најблиски во онколошката болница „Гистав Руси“ во предградието на Париз, каде што почина минатата сабота по кратко и тешко боледување.
– Знам дека лекарите од болницата и се јавиле на Сузана и и ја соопштиле тешката вест дека крајот е близу и дека направиле се што е во нивна моќ. Сите веднаш купија билети за Париз и отпатуваа за Франција. Имаше надеж, имаше изгледи дека ќе успее да се спаси и да доживее длабока старост, но работите наеднаш се сменија. Беше подобар кон крајот на минатата и почетокот на оваа година. На паузите меѓу терапии малку излегуваше и се гледаше со своите драги пријатели. Меѓутоа, во последните неколку недели ситуацијата одеднаш тргна на полошо. Една од терапите што ги имал таму, а која му го продолжила животот за уште неколку месеци, била зрачењето со гама нож. Поради ужасните болки кои ги имал во последните два дена од животот, Саша добил силни лекови. На смртната постела, Сале со последните атоми сила им рекол на сопругата и децата: „Ве сакам и ќе ве штитам од рајот“. Знаеше дека е готово. Сузана цврсто го држеше за рака. Знаете, ова се тешки моменти да ви кажам сè – изјави блиска пријателка на Поповиќ за Курир.рс молејќи се за дискреција.
Погребот на креативниот директор на „Гранд“, Саша Поповиќ, ќе биде извршен в четврток на 6 март на гробиштата Бежанијска во Белград.
Саша Поповиќ не сакал да биде погребан во Алејата на заслужните граѓани.
– Саша не сакаше да биде погребан во Алејата на заслужните граѓани. Го зедоа семејниот гроб. Сакаше еден ден и Сузана да биде покрај него, а неговото семејство ги испочитува неговите желби. Погребот ќе биде в четврток на Бежанијските гробишта – рекол извор близок до семејството.
Да потсетиме, семејството цело време беше со Саша и беше негова најголема поддршка во борбата за излекување од тешката болест. Тој кратко време боледуваше од рак, а за дијагнозата дознал сосема случајно, откако ја скршил ногата.
Поповиќ со месеци се лекуваше помеѓу Белград и Париз, а лекарите го лекуваа со најсовремени методи, пишува „Блиц“.