На нејзиниот успех се гордееше цела Македонија, но ова малкумина го знаат и навистина е трогателно
Ова би требало да е поразително за сите нас!

Оваа млада дама беше големо изненадување на Олимписките игри во Париз кога покажа дека нашите спортисти можат да се носат со најдобрите, па дури и да ги победат оние кои им биле идоли и кои се светски шампиони…
Македонската олимпијка Милјана Рељиќ минатата година беше прогласена за најдобра спортистка за 2024 година.
Македонската теквондо натпреварувачка на Олимписките игри во Париз 2024 година иако не освои медал, таа беше вистинска сензација особено по неверојатната победа на британската и светската теквондо ѕвезда, Џејд Џонс, која има освоено 36 медали од кои 19 златни.
Милјана тогаш не успеа да се пласира во полуфиналето на Олимписките игри во Париз, но како што самата изјави кога и беше доделена наградата за спортистка на годината во Македонија за 2024, иако не успеа да стигне до медал, покажале дека нашите спортисти можат да се носат со најдобрите, па дури и да ги победат оние кои им биле идоли и кои се повеќекратни светски шампиони.
Принтскрин
„На следните олимписки игри одиме на медал и ништо помалку“ изјави тогаш оваа прекрасна млада дама.
Принтскрин
Е сега, по нејзината сјајна победа над светската теквондо сензација, во нашите медиуми одекна и една вест за неа, за која би можеле да кажеме дека е трогателна, посебно за македонскиот спорт.
Фејсбук/ Теквондо клуб Тигри
Имено, на неполн месец дена пред стартот на Олимписките игри во Париз 2024 година оваа наша сјајна спортистка не можела да вежба во салата во која што се подготвувала претходно, и тоа, сега внимавајте добро, затоа што училиштата во тоа време биле на летен распуст.
Спортистка на годината за 2024
И како што тогаш се пожали нејзиниот тренер, Александар Ефтимов, тие немале можност да вежбаат во салата каде веќе со години тренираат и имаат професионална опрема вредна десетици илјади евра, па наместо да им се посветат на подготовките, морале да бараат алтернатива и заради летниот распуст на училиштата да бараат нова сала.
Фејсбук/ Теквондо клуб Тигри
И во Македонија ништо ново!
Па така наместо да тренираат, тие барале место каде тоа да го прават – ве потсетуваме, се подготвувале за Олимписките игри!, а покрај овие проблеми да не зборуваме и за финансиските – тоа се денови кога немаат добиено ниту денар од ниту една државна институција, ниту пак поддршка од приватните компании заради што најголем дел од натпреварите и семинарите ги покривале од лични средства, изјави тогаш, кон крајот на Јуни, тренерот на Милјана, Александар Ефтимов, пренесе тогаш спортскиот портал Ипон.мк.
Но како што веќе одамна има кажано еден наш познат писател – се што некаде е инцидент, кај нас е систем, па така и оваа лакрдија која можеби не чинеше и олимписки медал, не е ништо ново за нас.
Фејсбук/ Теквондо клуб Тигри
Имено, Милјана и покај овие крајно поразувачки моменти успеа да биде сјајна и да ја престави Македонија во најдобро светло.
Фејсбук/ Теквондо клуб Тигри
Искрено се надеваме дека вакви пропусти во иднина нема да ни се случуваат, а нашите институции ќе бидат поодговорни, посебно кога станува збор за врвни спортисти каква што е оваа млада дама, за која не се сомневаме дека за брзо време повторно ќе не изненади со некој нов медал. Таа е европска клупска шампионка и врвна македонска спортистка која има бројни награди и медали од светски турнири, а како изгледа додека тренира, но и во приватниот живот, кога не е во спортските сали, погледнете во продолжение…
Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм
.